Заштита при работа и средина

Визија: Тхор Импекс е посветен на развојот на обновлива енергија од ветер на начин што го ограничува влијанието врз животната средина, биолошката разновидност и интересите на локалната заедница и на начин што ги поддржува здравјето, сигурноста и безбедноста на сите свои вработени и оние кои работат на неговиот проект.

Ветерниот парк Богословец е развиен следејќи ги националните закони и прописи, како и еколошките и социјалните барања од Стандардите за изведба на Меѓународната финансиска корпорација (IFC) 2012. Обезбедени се национални студии за ОВЖС и еколошка дозвола, вклучувајќи и дополнителни студии за усогласување со добрата меѓународна пракса во индустријата.

За време на развојот, ги обезбедивме основните информации за птиците и лилјаците, екологијата и социо-економски прашања и направивме проценки во однос на бучавата, треперење на сенките од турбините, сообраќајот и биодиверзитетот. Развивме систем за управување со животната и социјалната средина и надзор на развојот, градежните работи и оперативните активности од проектот, со цел да имаме проект што ги рефлектира нашите политики и кодекси на проектот.

Животната и социјалната средина – преземи .pdf

Здравје, Сигурност и Безбедност – преземи .pdf

Локални содржини – преземи .pdf

Политика на трудови обврски – преземи .pdf

Тхор Импекс е посветен на развојот на обновлива енергија од ветер на начин што ги максимизира придобивките од проектот преку интегрирање на локалните содржини во синџирот на снабдување за проектот

Се очекува позитивните влијанија:

  • да придонесат кон целите за обновлива енергија утврдени во Стратегијата за развој на енергетиката во Македонија (2030 година)
  • да ја зголемат употребата на необновливи извори за подобрување на енергетската разновидност
  • да го намалат потпирањето на увезена енергија и подобрување на енергетската сигурност
  • да придонесат кон целите за ограничување на емисиите на стакленички гасови
  • да обезбедат социо-економски придобивки за локалната заедница (вработувања/инвестиции)

Прочитајте го Нетехничкото резиме на проектот овде [click here to read .pdf].