Тхор Импекс започна со изградба на ветропаркот Богословец на почетокот на Јули 2021. До сега се завршени следните фази од проектот или се во теч:

  • Градежни работи на трафостаницата
  • Пристапни патишта
  • Далеководот и поврзување со трафостаницата
  • Бетонирање на темелите (50% од работите се завршени)

Слики од градежните активности може да се видат на нашиот Facebook профил. “Wind Park Bogoslovec Macedonia

Во наредните 3 месеци следните активности ќе бидат превземени:

  • Завршување на бетонските работи на темелите и припрема за монтирање на турбините кои се очекуваат да дојдат во Август 2022
  • Спремање на пристапниот пат од клучката кај БИМ до влезот во ветропаркот, како припрема за доставување на турбините

Бетонирањето на темелите значи и зголемена фреквенција на камиони на и околку градилиштето. Корисниците на патиштата можеби ќе приметат зголемен сообраќај, и ве молиме да ги пратите знаците и да бидете внимателни во сообраќајот.

За крај доколку имате било какви прашања или коментари во врска со возачите, возилата или за сообраќајот, молиме да не контактирате преку информациите наведени од десна страна на ова известување

Сподели на