Тхор Импекс започна со изградба на ветропаркот Богословец на почетокот на Јули 2021. До сега се завршени следните фази од проектот:
- Пристапни патишта до секоја турбина (завршени)
- Ископи за темели на турбини (во тек)
- Кабловско поврзување на турбините (во тек)
- Градежни работи на Трафостаница (во тек)
Слики од градежните активности може да се видат на нашиот Facebook профил Wind Park Bogoslovec Macedonia
Во Јануари 2022, градежните активности ќе почнат со
- Бетонско темелење на првиот темел во припрема за опремата која треба да пристигне во Август 2022
- Изградба на далеководот за ветропаркот
При бетонско темелење ќе има зголемена фреквенција на камиони. Од тие причини ТХОР како и подизведувачите ќе помогнат при контролирање на сообраќајот, се со цел да се намалат неприликите на сите инволвирани учесници во сообраќајот на патиштата од и до Ветропаркот, и тоа
- Контрола при влез и излез од Ветропаркот со известување на јавноста кога ќе има камиони на патот
- Намалување на дозволената брзина (не повеќе од 20км/час) за време на темелењето
Исто така ќе има и прекин на сообраќајот кога јажињата од далеководот ќе се водат преку главнкот пат Велес-Штип и тоа во периодот на Март-Мај 2022, но за тоа ќе има и полициска помош. Ве молиме да внимавате при користење на оваа делница додека се вршат наведените активности.
За крај доколку имате било какви прашања или коментари во врска со возачите, возилата или за сообраќајот, молиме да не контактирате преку нашата веб страна.