Тхор Импекс започна со изградба на ветропаркот Богословец на почетокот на Јули 2021. До Мај 2023, инсталацијата на целата опрема е завршена, и постапката за тестирање на истата е во тек. As of May 2023, the wind turbine installation is complete, and the commissioning is ongoing.
Во период од Мај до Јули 2023 година, се очекува конечно завршување на сите активности и почнување со оперативната работа. Наш партнер за оперативниот дел и за одржување е Siemens Gamesa Renewable Energy (SGRE). SGRE има искуство на светско ниво за оперативниот дел на ветропаркови како и нивно одржување, и впрочем ги користи највисоките стандарди при својата работа.
Ветропаркот ќе работи и дење и ноќе (врз база на временските прилики односно на ветерот), но од време на време ќе има и активности за одржување на опремата и вработени на SGRE ќе бидат присутни на терен. Оперативно Ветропаркот Богословец ќе биде во согласност со еколошко-социјалниот план за работа кој е дел од нашата Студија и одобрувањето на финансиските средства од нашите банки и нивните стандарди.
Ве известуваме дека паралелено ќе се ангажираме и да ги следиме птиците и лилјаците кои се дел од природата во Богословец.
Ветропарк Богословец е посветено ќе работи како добар сосед и ќе продолжи да ја подржува месната заедница Богословец |
ТХОР Импекс е посветен да соработува со месната заедница Богословец, да ја подржува во своите напори на подобрување на состојбата, и понатака ќе бидеме активни чинители на подобрување на состојбата.
Како што ќе се намалуваат активностите на градилиштето, ќе ја намалиме нашата јавна комуникација. Од таа причина ве молиме да не пратите на Facebook со последните информации. “Wind Park Bogoslovec Macedonia”
Сакаме да контактираме со заедницата околу ветропаркот. Доколу имате било какви прашања или коментари врзани за нашиот оперативен дел, молиме да стапите во контакт со нас и ние веднаш ќе ви одговориме.