Тхор Импекс започна со изградба на ветропаркот Богословец на почетокот на Јули 2021. До Август 2022 се завршени следните фази од проектот Градежни работи на трафостаницата, Пристапни патишта

Далеководот и поврзување со трафостаницата, Бетонирање на темелите.

Во периодот од 12.9 до 30.11.2022 се очекува да пристигне и опремата за турбините од ветропаркот.

Секоја турбина има 8 делови и тоа…

  • 4 сегменти од столбот
  • Куќиште
  • 3 перки

Нормално тука е и пропратна опрема која се користи при склопувањето на турбините.

Транспортот на турбините ќе биде вон-габаритен и се очекува да бидат направени цца 100 тури од Солун до село Богословец. Ќе се користи главниот автопат до Велес, а потоа и магистралниот пат од Велес до Кадрифаково. Од Велес до раскрсницата до Богословец камионите ќе патуваат скоро 25 км каде што ќе свртат десно на локалниот пат према селото. Очекуваме дека на локалнкот пат према Богословец да има отежнување на сообраќајот и мали застои. Во секој случај, овие вон-габаритни транспорти ќе бидат пратени од полицијата како и од специијални пропратни возила како што е наведено во дозволите за транспорт од овој вид.

Турбините ќе бидат донесени од страна на Hermes Greece, а монтирани од страна на Siemens-Gamesa.

Ве молиме обратете се на бројот 02/3136104 доколку имате некакви поплаки или проблеми.